Пророкот Амос потекнуваше од гратчето Текоа во Палестина. По занимање беше овчар. Како таков Бог го повика на пророчка служба. Го разобличуваше царот Озија и неговите жреци поради идолопоклонството.
Кога пред врховниот жрец Амасија и син му го прорече падот на царството под Асирците, како и невољите што го стигнаа самиот Амасија зашто го наведе целиот народ да заборави на вистинскиот Бог, синот на Амасија не издржа и го удри пророкот по главата, така што овој одвај остана жив. Повреден, Амос се врати во Текоа и по неколку дена се упокои.
Comments are closed for this post.