Оскаровцот Роберт де Ниро е обвинет за за вознемирување на работното место и полова дискриминација од поранешна вработена во неговата компанија. Во обвинението за Де Ниро, се наведува дека вработената бара отштета во висина од 12 милиони долари.
Обвинението за актерот го поднела Грејм Чејс Робинсон, која наведува дека глумецот честошати се однесувал лошо со неа и со колешките. Употребувал сексистички изрази и ги нарекувал „кучки“.
Роберт де Ниро не прифаќа дека мажите и жените треба да бидат еднакви. И, не му е грижа тоа дека половата дискриминација на работното место значи кршење на законите – изјави адвокатот на Робинсон.
Во обвинението се вели и дека жените вработени кај глумецот биле многу пониско платени од мажите.
Робинсон во април го добила решението за отказ, со образложение дека гледала филмови во работно време. Нејзините адвокати ги отфрлаат тие наводи како неточни.
Де Ниро во одговорот на тужбата, отфрла секаква вина за обвинувањата.
Comments are closed for this post.