Пејачот Дарко Лазиќ за прв пат проговори за она што го помина откако доживеа сообраќајна несреќа. Тој вели дека јавноста неправедно го обвинува дека бил неодговорен и оти има бројни пороци.
Тој ги оценува како глупости пишувањата дека дилери во болница му носеле дрога. Тоа не е можно вели пејачот бидејќи лежел неподвижен. Но, како што вели Дарко сите се дрогираат а само него го прават наркоман.
Сепак, тој открива дека доколку по сообраќајката останал инвалид размислувал да си го одземе животот.
Тоа да се случеше психички би пукнал. Ќе се разочарав во себе и тогаш подобро да ме немаше, не ми треба таков живот. Ќе бев терет на сите-раскажува Дарко.
Comments are closed for this post.