По некои од нив имаше потера низ супермаркети, некои ги бркаа со велосипед, некои ги открија на свадба. Пронаоѓањето дублери, ликови кои личат на ориганалните личности насликани во ремек делото на Рембранд „Ноќна стража“ било речиси опсесивна работа на фотографот Јулијус Рујманс.
Тој направи документ за неговата работа на репликата на Рембрант која може да се гледа на изложба која се отвора од денес во Амстердам, објави холандскиот сервис НОС.
На платното вие гледате луѓе кои позираат во убава облека. Но, уметници како Рембранд имале многу поразличен, потежок живот во 17. век. Ние го прикажуваме тој живот“, изјави фотографот.
Но, на изложбата освен репликата од еден метар на „Ноќна стража“, ќе може да се видат и фотографии кои се однесуваат на животот на Рембранд, како сцени од пабови, па дури и помошната куќичка во која Рембранд ја испратил втората сопруга Гертје.
На репликата се наоѓаат 60 ликови. Некои од нив морале да ја чуваат брадата два ипол месеци и да ја негуваат како во времето на сликарот, значи со ножички. Фотографот мајсторски ги лови сите детаљи од платното, па дури за снимањето е набавено оригинално оружје од антикварниците, како мускетата од 17 век.
Comments are closed for this post.