На 24 февруари 2025 година (понеделник) во Beer Garden, Скопје со почеток во 19 часот ќе се прибираат донации за учество на Глобалната светска роботска олимпијада MRC Global Olympiad. Домаќин и водител ќе биде Сашко Коцев, а бендот Unlimited ќе ја донесе музичката магија.  Настанот е од отворен карактер и поканети се да присуствуваат сите граѓани кои сакаат да дадат поддршка на младите таленти на СТЕМ.

Присутните ќе имаат ексклузивна можност да ги запознаат младите таленти и да ги видат роботските креации што децата ги изработија во изминатиот период и со кои ќе учествуваат на олимпијадата за роботика што ќе се одржи во април година на Крит, Грција.