Славното чудовиште од Лох Нес веројатно е џиновска јагула, објавија научниците по анализа на трагите од ДНК во водите на шкотското езеро.
Според реултатите од истражувањето, исклучено е присуство на големи животни, како динасауруси, но откриени се многу траги од јагула, објасни професорот Неил Геммел, генетичар од новозеландскиот универзитет Отаго, пренесува Ројтерс.
Јагули имало многу во системот на Лох Нес, од секое место од кое земавме примерок имаше многу траги од јагула. Не ја исклучуваме можноста дека имало џиновски јагули, меѓутоа, не знаеме дали примероците кои ги собравме се од џиновски ѕвер или обична јагула, рече Гемел.
Меѓународниот тим на научници ги собирал примероците во јуни минатата година.
Кога некое суштество се движи низ неговото опкружување, со себе остава делови од ДНК од кожата, перките, крзното, изметот и урината, тврди Гемел
Најпознатата слика од популарната „Ненси“ забележана е во 1934 година и на неа се гледа глава на долг врат како ѕирка од вода.
Comments are closed for this post.