Здравко Чолиќ наплаќа по минута за пеење на приватни забави. Една минута наводно чини 1.000 евра. Колку минути, колку илјади евра. Ако го сакате на час, 60.000 евра.
Здравко Чолиќ неодамна пеел на свадба и зел 45.000 евра за 45 минути.
– Тој имаше одредени услови, кои младенците и нивните семејства ги исполнија без збор, па сè беше договорено многу брзо. Меѓу другото, тој побара сцената да се подигне од подот за гостите да не му се приближуваат премногу додека пее, да нема нарачување песни и да нема фотографирање со гостите.
Comments are closed for this post.