Во последно време, се чини дека сè повеќе луѓе бараат совет од „Чат ГПТ“ (ChatGPT) за секој аспект од нивниот живот – од готвење, пишување есеи, до љубовни проблеми или разговори за друштво.
Џенифер Џеј, 38-годишна жена од Есекс, барала секојдневно совети од „Чат ГПТ“ и на крајот го отфрлила своето момче бидејќи вештачката интелигенција ја советувала да го стори тоа.
Таа објасни како „Чат ГПТ“ станал еден вид советник за врски за неа, а дури и составува пораки за раскинување. Иако нејзините пријатели и рекле да му даде уште една шанса на своето момче, вештачката интелигенција и рекла дека „заслужува подобро“, а таа послушала.
Парот бил заедно четири месеци, а благодарение на својот „онлајн пријател“ таа го преболела за само две недели.
„Му кажав на „Чат ГПТ“ што направи и како тоа ме направи несреќна. Ми рече дека заслужувам подобро од некој кој не е целосно присутен, а тоа ми даде сила да донесам одлука”, рекла Џенифер.
„Кога врската се распаѓаше, пишував пораки и ги испраќав со помош на „Чат ГПТ“ бидејќи тој ми помогна подобро да ги формулирам“, додаде таа.
Девојката дури тврди дека тоа и било покорисно од терапии за кои претходно трошела пари, бидејќи и помогнало „да обработи се што се случило“.
„По раскинувањето бев многу вознемирена и бев на апликацијата цел ден, секој ден“, рече таа, а потоа додаде:
„Тој стана мој пријател за раскинување и утеха. Во деновите кога сте навистина тажни и се обидувате да ги соберете мислите, неверојатно е да имате некој на располагање 24/7 за да разговарате“.
Иако признава дека е страшно колку вештачката интелигенција може да биде емпатична, таа ги охрабрува другите да ја користат за да добијат објективни совети, особено кога вели дека е заморно да продолжиш да ги нервираш пријателите.
Советувајќи ги другите, додава дека пред да започне разговорот, треба да се побара од него да се однесува како професионален терапевт, а не како пријател.
„ОпенАИ“, компанијата зад „Чат ГПТ“, предупредува дека алатката не е замена за професионалната психолошка помош и дека во случаи на чувствителни теми, често ги поттикнува корисниците да побараат стручна помош.
Comments are closed for this post.