Пријателството помеѓу поранешните партнери на Северина се засилува. Покрај Игор и Милан сега и целото семејство Којиќ е пријател со Поповиќ.
– Откако ги закопа секирите со Игор, Милан воспостави добра комуникација со Оља и Кеба. По таа средба на неговиот роденден, на имотот на неговиот дедо во село кај Лозница, сите заедно се сретнале неодамна во Белград на ручек во ресторан во главниот град. Тие поминаа пријатно попладне разговарајќи и дојдоа до заклучок дека меѓу нив нема лоша крв и дека за се што е лошо во минатото е виновна Северина, но и луѓето околу неа. Тој им се заблагодари за се што направиле за неговиот син и рече дека многу го цени тоа и дека е тука за нив се што им треба. Тие наздравуваа во ресторанот, а судејќи по насмевките на нивните лица, јасно беше дека разговорот се одвивал во пријатна атмосфера -пишува „Курир“.рс.
Comments are closed for this post.