По 20 години музичка кариера, „поп-принцезата” Бритни Спирс наводно се повлекува од сцената, пишуваат повеќе западни медиуми.
Имено, таа наводно, повторно, сама се пријавила во психијатриска установа оти била под голем емоционален притисок поради тешката здравствена состојба на татко ѝ. Пејачката поради тоа ги откажала и своите настапи во Лас Вегас.
Нејзиниот татко Џејми Спирс неодамна заврши в болница поради пукнување на цревата. Бритни повеќепати изјавуваше дека „без него би била целосно изгубена”.
Бритни во 2007 година доживеа нервен слом, а татко ѝ ѝ помогна да се врати на сцената.
Comments are closed for this post.