Оригинални предмети од Тутанкамоновата гробница ќе бидат поставени на изложба во Париз по повод стогодишнината од откривањето на богатство на еден од најпознатите фараони.
Скапоценостите се враќаат во Париз по повеќе од 50 години откако друга слична изложба привлече 1,24 милиони посетители, што сè уште е рекорд во француската престолнина.
Изложбата „Тутанкамон: Богатството на златниот фараон” ќе се одржи во парискиот Гранд хал де ла Виле од 23 март до 15 септември. Тоа е втората станица на меѓународната турнеја којашто опфаќа 10 градови.
Организаторите соопштија дека нешто над третина од вкупниот број артефакти го напуштаат Египет прв и последен пат пред префрлањето во новиот музеј кој се гради близу пирамидите во Гиза
Comments are closed for this post.