Бил Гејтс застана во редица за сендвич и стана херој на социјалните мрежи, соопшти “Лента.ру”. Основачот на „Мајкрософт“ бил снимен додека чекал пред фаст фуд ресторанот Dick’s Drive-In.
Фотографијата била пуштена на Фејсбук од поранешен соработник на компанијата, Мајк Галос, кој напишал:„Кога вредиш околу 100 милијарди долари, ја управуваш најголемата добротворна организација во историјата на светот и се редиш во редицата за бургер, пржени компирчиња и кола, тогаш си како сите нас…Така се однесуваат вистински богатите луѓе за разлика од ученикот во Белата куќа со златен тоалет“.
Постот на ФБ го споделиле лијадници луѓе.
Бил Гејтс често се појавува во јавноста. Милијардерот се стекна со репутација на љубител на фастфуд од Burgermaster каде често обедуваше. Гејтс, кој е вториот најбогат човек во светот, е исклучително популарен во САД. Во 2018 година тој го зазеде петтото место на листата на најпочитувани мажи во земјата.
Comments are closed for this post.