Некои луѓе сакаат да го украсуваат својот дом, некои да подготвуваат вкусни јадења, а некои да го разбудат детето во себе. Секој има свои омилени зимски ритуали, а во продолжение прочитајте како се подготвуваат хороскопските знаци за празниците.
Овен
Припадниците на овој хороскопски знак посветуваат внимание и на обичаите и на организацијата на забавата бидејќи сезоната на празници е вистински изговор за забави. Затоа, тие не ги пропуштаат собирите на кои се поканети, но не им е тешко и сами да се погрижат за добра забава за време на божиќните празници.
Бик
Во овој период од годината, Биковите неуморно бараат вистински подароци за своите најблиски, а во исто време знаат да ги намирисаат попустите. Секако, пред да одат на шопинг, тие уредно составуваат список со работите што ги замислиле и почнуваат да ги бараат навреме. Покрај членовите на семејството и пријателите, сакаат и самите да се почестат барем со некоја ситница.
Близнаци
Близнаците сакаат да ги поминуваат слободните денови на патување секогаш кога ќе се појави можност. Колку и да сакаат да поминуваат време со своити најблиски, што често и го прават, сепак имаат потреба да истражуваат непознати места или да доживеат нешто различно. Без разлика дали е тоа одење на забава со пријателите или воведување нов ритуал дома, целта им е да создадат убави зимски спомени.
Рак
Луѓето родени во овој хороскопски знак со месеци се подготвуваат за празниците. Покрај украсувањето на домот, тие најмногу уживаат и во смислувањето закуски и подготвени се да ја преземат целата работа. Во исто време, тие се обидуваат да задоволат различни вкусови и потреби, особено ако некој не може да јаде одредена храна.
Лав
Лавовите со нетрпение го очекуваат декември бидејќи знаат дека е време за семејни и пријателски дружења. Слушањето новогодишни песни за деца, украсувањето на новогодишната елка, дружењето и подготовките за забава се извор на радост. Се разбира, сликањето е незаменлив дел од празничното мени и секој треба да влезе во кадарот, дури и оние кои се посрамежливи.
Девица
Припадниците на овој хороскопски знак се свесни дека празниците се и убави и стресни, па затоа се обидуваат да направат сè што можат однапред. Планерот е нивниот верен сојузник затоа што тие навистина се грижат да ги вклопат туѓите активности во својот распоред, особено кога станува збор за дружење.
Вага
Луѓето родени во овој хороскопски знак имаат префинет вкус за украсување и посветуваат внимание на секој агол од својот дом. Откако ќе се запалат светилките на елката или во дворот, магијата може да започне и сите се поканети да уживаат во сцената.
Скорпија
Исто како на Биковите, и на Скорпиите им претставува големо задоволство да им даваат подароци на своите најблиски. Тие внимателно слушаат што откриваат соговорниците во текот на разговорот и не штедат пари за да исполнат нечија желба. Тие сакаат да подготвуваат изненадувања и да ја покажуваат својата внимателна природа.
Стрелец
Припадниците на овој хороскопски знак се задолжени за добра атмосфера бидејќи знаат како да им помогнат на своите најблиски да заборават на секојдневниот живот и да се релаксираат. Тие се свесни дека ова време од годината е бурно и може да доведе до прегорување, па затоа сакаат да се занимаваат со детали, како што се состојки за коктел или список на божиќни песни, за семејството и пријателите да уживаат во атмосферата.
Јарец
Луѓето родени во овој хороскопски знак со нетрпение го очекуваат крајот на декември бидејќи тогаш тие се држат до семејните ритуали. Тие сакаат да ги почитуваат сите обичаи, од украсување на елката, преку собирање на семејството на трпезата, до изразување благодарност за сите благослови. Сепак, тие сакаат да воведат ред и не се можни никакви изговори што би ја нарушиле празничната хармонија.
Водолија
На крајот на годината, на Водолијата ѝ е најважно да помине квалитетно време со семејството и со луѓето за кои искрено се грижи. Иако добиваат покани за забави и собири, припадниците на овој хорокопски знак не им придаваат значење ако сметаат дека не припаѓаат таму. Целта им е да уживаат во вистинско друштво.
Риби
Припадниците на овој хороскопски знак се сентиментални, а тоа е особено нагласено за време на празниците. Тие сакаат сите луѓе што ги сакаат да се заедно и ќе сторат сè за гостите да се чувствуваат како дома. Рибите ќе се погрижат да им посветат внимание на сите гости.
Comments are closed for this post.