Во издание на „Бата прес“ на македонски јазик е објавен романот „La sans pareille – љубовен роман со додатоци“ од современиот српски писател Милисав Савиќ. Делото го преведе Ненад Баткоски, а објавувањето на книгата е помогнато од Министерството за култура на Република Србија.
Се разбира дека не е само љубовна приказна! И покрај многубројните елементи што потсетуваат на романтичните љубовни стории на Казанова, Ана Каренина, дамата со кученцето, романите на Црњански… на авантурите на главниот лик во Тоскана, во заднината, зад сцената се гледаат потресните настани и драми, воените, паравоените дејствија и злосторства при распадот на Југославија.
Авторот пишува кратко, читко и јасно и успева со фикција и со бројните фусноти, белешки, индекс на поими и слично, да ја отслика мачната заднина. На моменти тоа го прави со доза на хумор, па целата конструкција на романот делува како школа за креативно пишување.
Милисав, може логично да се објасни. И во Хрватска и во Босна се водеше војна, национална и верска, моето име е типично српско (некои други имиња можат да бидат и српски и хрватски и муслимански, како на пример Златко, Петар), и тоа архаично, да не кажам селско… И ете неволја, ете страдање без никаква вистинска вина“, бележи авторот.
Милисав Савиќ (1945) спаѓа меѓу најзначајните современи српски писатели. За своите романи и раскази има добиено голем број награди, меѓу кои и угледната награда на НИН за роман на годината (1991), Мирославјево евангелие (1996), како и Андриќевата награда за расказ во 1977 година. За себе пишува дека е „дете на Титовата, комунистичка генерација.“
Романите му се преведувани на грчки, англиски, словенечки, македонски, бугарски и романски јазик.
Comments are closed for this post.