Ангела Андовска е ученичка во Средното музичко училиште. Талетниран млад уметник која досега има освоено една Гран при награда и четири први места во Бугарија, Македонија Малезија и Италија.

Учи соло пеење веќе 7 години во класата на проф.Гонца Богоромова Краповски. Во последниве 9 месеци освоила многу први награди и лаурети во Бугарија, Македонија, Италија.

Една од наградите на која што сум многу горда е во Малезија каде освоив прво место со композицијата ,,nel cor piu non mi sento-Giovanni Paisiello,, покрај академското пеење исто така го обожувам џезот, со песната ,,Dream a little dream of me-Doris Day,, освоив прво место со плус степен и лаурет во Бугарија на фестивалот ,,Stars of the world“, вели Ангела.

 

Изведува комбинација на опера и поп, но вели дека се определила за академско пеење (оперско) бидејќи тоа го учи веќе седум години.

 

Седум години изучувате соло пеење. Од каде љубовта кон музиката и пеењето?

Љубовта и пасијата кон музиката ја имам од моите осум години уште во училишните клупи кога не прашуваа што сакаме да бидеме кога ќе пораснеме јас го знаев својот одговор и бев решена да го остварам својот сон.Потоа на моите дванаесет години се запишав во ДМБУЦ ,,Илија Николовски Луј,, каде што започна остварувањето на мојот сон, во класата на наставник Гонца Богоромов Краповски.

 Досега сте добиле многу награди и признанија и во Македонија и во странство, па кажете ни какво е чувството за еден млад човек кога ќе стигнат признанија за трудот и успешноста?

Со оглед на тоа дека го правам она што го сакам се чуствувам многу исполнето дури и
изненадено за големите чекори.Сите тие дипломи,награди и пофалби ми даваат инспирација да продолжам покрај целата ситуација да работам напорно,да не запирам и да се потудам даги исполнам своите цели.

Каде се гледате по завршувањето на образованието? Ќе продолжите ли со кариера или со
школување можеби во странство?

Искрено многу сум возбудена како што поминува времето,целта ми е да го постигнам
максималниот труд од себе. Секако планирам да ја продолжам својата надградба и
школување во странство и се радувам на новите предизвици кои претстојат пред мене

Сте добиле ли некаква понуда за едукација во странство?

Покана, сеуште немам добиено, но следува периодот каде набрзо ќе аплицирам на некои од
универзитетите и се надевам дека ќе добијам поддршка и шанса за стипендија, која би ми
била од голема помош во моето понатамошно школување

Каква музика сакате да слушате за своја душа?

Највеќе обожувам џез и музика од осумдесеттите и седумдесеттите,исто така сакам класична музика и балади.

Како го исполнувате слободното време?

Кога не вежбам соло пеење сакам да спортувам, да го поминувам времето со моите
најблиски и да патувам.

Неизбежно е да проговориме и за пандемијата. Дали и колку влијаеше таа на Вас? На
часовите? Еве онлајн натпревари се одржуваат, ви недостига ли контакт со пријатели,
дружење? Како ја следите наставата?

Пандемијата нема некакво посебно влиание врз мене и таа не е изговор за да застанам со
работа,напротив таа е еден голем предизвик за мене да работам уште повеќе. Кај онлајн
натпреварите имам и предност каде што можам да ги поправам своите грешки,наставата ја следам исто така онлајн со мали потешкотии во област на техниката но покрај тоа како што кажав таа не е изговор не е важно дали се наоѓаме во училница или пред камера работата и трудот се еднакви, а упорноста уште поголема.

Има ли разлика во настапите пред публика и онлајн? Како ги доживувате Вие вашите
настапи во вакви услови?

Да секако има разлика,публиката додека сме на сцена секогаш буди мала возбуда во нас, ја
чувствуваме нејзината енергија, која во исто време ни дава поттик да пееме уште подобро и поубаво, додека онлајн пееме сами во празна просторија и пред камерата. Чувството е
многу поразлично. Целата оваа ситуација е еден голем предизвик за сите нас.Настапите и
покрај пандемијата ги доживувам со голема возбуда исто како да сум на сцена.

Кој е Ваш идол во соло пеењето?

Мој идол во соло пеење е мојата професорка Гонца Богоромова Краповски, таа е всушност
личноста која ме насочи кон соло пеење и верува во мене и ме бодри во сите мигови од
првото наше познавање.

Каде би сакале да настапите? Која сцена е Вашиот професионален сон?

Доколку се насочам кон соло пеење мојот сон е да настапам на една од големите сцени во
театарот за опера Виена,Бољшој, Русија,Италија и така натаму