Продуцентите на Џејмс Бонд неодамна го најавија почетокот на снимањето на најновиот 25-ти филм од серијалот за познатиот таен агент коj повторно ќе го толкува Даниел Крег.
Исто така претставени се и новите ѕвезди.
Главниот негативец ќе го толкува Рами Малек кој се прослави со улогата на Фреди Меркјури во „Боемска рапсодија“. Исто така откриено е дека новата девојка на Бонд ќе биде Ана де Армас.
Неа фановите ја дочекаа со воодушевување, а многумина прокоментираа дека е премногу млада за Крег.
Сепак, ова не е прв пат тие да соработуваат. Тие работеа заедно и на филмот „Knives Out”.
Ана претходно се појавувала и во филмовите „War dog”, „Knock Knock”, како и во филмот „Blade Runner 2049”, за кој ја доби наградата Сатурн за најдобра споредна улога.
Comments are closed for this post.