По шест години реконструкција и потрошени 9 милиони евра, Албанскиот театар во Скопје ќе биде отворен напролет.- oдговарајќи зошто Албанскиот театар сè уште не започнал со работа, министерката за култура, Ирена Стефоска рече дека единствената причина е пандемијата, објави Алсат-М.
Зградата требаше да се пушти во употреба во 2018 година, во време на мандатот на Асаф Адеми како министер за култура, но тоа не се случи. Лани покривот почна да капе. За реконструкцијата на зградата има и процес од страна на истражните органи,а со случајот се занимаваше и поранешното СЈО.
Театарот претходно беше сместен во просториите на Театар Комедија, каде ја делеа сцената заедно со Комедија и со Турски театар.
Comments are closed for this post.