На 4 декември во рамки на програмата на 45. „Млад отворен театар“ Загребачко казалиште младих од Хрватска со стрим во живо од 19 часот ќе ја изведе претставата „Ајхман во Ерусалим“.
„Ајхман во Ерусалим“ во режија на словенечкиот режисер Јернеј Лоренци, кој јасно ја разбира потребата за испитување на баналноста на злото и нејзиното присуство кај секој човек, доаѓа во момент кога практично цела Европа ги преиспитува своите антифашистички корени. Кога Хана Арент известувала од судењето на воениот злосторник, Адолф Ајхман во Ерусалим во 1961, го набљудувала бирократскиот начин на размислување на Ајхман, Арент брзо ја напуштила премисата на длабоката и радикална природа на злото, па го видела како банално, плитко, и затоа е едноставно за гледање, но тешко е да се разбере токму поради неговата едноставност. Секој обид за реконструкција бара контекст што ќе го расветли предметното прашање. Инаку, секое зло и секое добро дело би било подеднакво банално и обично. Само кога сме подготвени да ги препознаеме стравовите на другите луѓе, може да се соочиме со најлошото – со нашите стравови. Гледајќи во парчињата на еден ваков разорен историски настан, оваа претстава ги истражува личните таги, стравови и вистини далеку од каква било претпоставена баналност, се посочува кон претставата во која играат Катарина Бистрович Дарвас, Дадо Ќосиќ, Фрањо Машковиќ, Миа Мелчер, Луција Шербеџија.
Comments are closed for this post.