Ние сме сиромашна држава. Притворот е најригорозна мерка од мерките коишто ги нуди Законот за кривична постапка. Меѓутоа и најскапа, и најнехумана. Еден ден во притвор значи одвојување на парични средства од буџетот. Како сиромашна држава треба да водиме сметка и за тоа, истакна новиот државен јавен обвинител Ненад Савески во интервју на „360 степени“. Тој нагласи дека условите во притворските одделенија во земјава се нехумани и претставуваат значителен финансиски товар за буџетот, па затоа повика на почеста употреба на алтернативни мерки како гаранции и куќен притвор.
Савески, кој неодамна е избран за државен јавен обвинител, смета дека долгогодишната пракса на лесно одобрување затворски притвор мора да се преиспита, особено пред судовите во Стразбур и Европската конвенција за човекови права. Како поранешен судија во Основниот кривичен суд Скопје, тој често одбивал такви барања од Обвинителството, аргументирајќи дека притворот е најскапата и најригорозната мерка.







Comments are closed for this post.