Во населбата Тафталиџе ноќеска е запален автомобилот на судијата Ѓоко Ристов,дознава „Република“. Возилото е речиси целосно унштено а траги од оганот има во предниот дел и кај моторот. МВР исто така потврди дека е опожарено возило без да го наведе сопственикот.

Ристов стана познат во јавноста откако во куќата на неговите родители во Неготино бееа пронајдени 350.000 евра соѕидани во ѕидот.

Судењето за овој случај е во тек.