Обвинителката Жаклина Јосифовска за време на испитувањето на Велибор Манев, кој денес во Кривичниот суд сведочи за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, го праша обвинетиот дали претходно биле во зградата каде било извешено грабнувањето на девојчето. Тој одговори потврдно и додаде оти првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо ги однел таму.
Јосифовска го праша и дали додека ја врзувале Вања на влезот не наиша вистинска жена која требало да биде грабната.
Никој не наиде, рече Манев.
Тој повтори дека не знаеле дека ја грабнале Вања.
Мислевме дека ја грабаме жената, но во случајот излезе дека е Вања. Иако имавме неколку слики од таа што требаше да ја грабнеме и знаевме дека излегува од дома во 7 и 20 часот. Според сликата беше идентична, слаба, со иста коса. Немавме сомнеж дека е друга личност, рече Манев.
Кога ја распашале, дознале која е Вања
Ги слушав одговорите од детето кога кажа која е. Кога видов дека е дете му реков да ја пуштиме. Тој рече сè е таман. Носевме медицински маски и капи, рече тој.
Обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска го праша Манев дали Палевски во ниту еден момент не рекол дека е грешка.
Не рече дека е грешка, додаде Манев.
Обвинетиот рече дека не добиле пари за грабнувањето. Го праша и дали било планирано да се побара пари од мајката на девојчето и дали тоа го слушнал од Кешишев.
Од никого не сум слушнал тоа а поготово од Кешишев. Единствено тоа го слушнав од полицајците. Реков дека таткото не го познавам. Никаде не сум рекол дека тие двајца комуницирале, рече Манев.
Comments are closed for this post.