Скопјанка на возраст од околу 50 години паднала во тенџере во кое се приготвувала врела зимница, а подоцна од последиците на несреќата починала.
Според информациите до кои дошла редакцијата на Скопје Инфо, жената пред неколку дена со сериозни изгореници по телото била хоспитализирана во скопската градска болница „Св. Наум Охридски“.
За жал, по неколку дена, подлегнала на повредите. Според лекарските извори, на кои се повикува порталот, причина за несреќата најверојатно била претходното козумирање алкохол.
Comments are closed for this post.