Откако Вања ја немало полицијата го проверувала сутеренот на зградата каде што живееле. Ја зеле и помалата ќерка од учичиште и проверувале на и интернет дали пишува нешто за Вања, продолжи со сведочењето Зорица Ѓорчевска, на денешното судењето за двојното убиство на нејзината малолетната ќеркака и велешанецот Панче Жежовски во Основниот кривичен суд Скопје.

Зорица Ѓорчевска (прва од лево)

Александар ми рече тогаш дека Вања е киднапирана, нема што друго да биде. Од прв момент го зборуваше тоа. Во текот на наредните денови повторуваше дека е киднапирана – јас му велев кој би ја грабнал? Во еден од наредните денови му се развикав да престане да зборува за тоа дека е киднапирана, зашто дотогаш никој не ни побарал откуп – рече Зорица и додаде дека од продажбата на станот ѝ останале 30.000 евра., се присети Зорица.

Зорица тогаш ја прашала и полицијата дали може да објави дека е киднапирана, а откако ѝ дозволиле тоа и направила.

 

Во петок сабајле речиси секогаш помалата ќерка одеше сама на училиште. За конкретниот ден класната на помалата ќерка беше болна и затоа немаше да има прв час, додава Ѓорчевска.

Потврди дека – тоа му го кажала и на таткото.