Joвица Страшески, адвокат на Љупчо Палевски, на денешното рочиште оцени дека СМС пораките и другите докази кои денеска како одбрана беа презентирани пред Судот, се побива тврдењето на ОЈО дека постои временска разлика во снимките од дворот на Велибор Манев.

– Од она што Обвинителството го имаше презентирано е јасно, видовте и самите дека ретерираат од оние нивни вештачења и тврдења. На денешново судење се покажа дека снимката која што Обвинителството ја покажуваше минатиот пат, за која тврдеше дека постои временска разлика, со СМС пораките и другите докази кои ги изведовме им се побива тоа дека временската разлика е померена, а од друга страна покажуваат лопати кај Велибор Манев и тврдат дека тие лопати се спротивни на нивните докази изведени во текот на главната расправа кај што тврдеа дека лопатата што е најдена на лице место е вештачена, сега покажуваат други лопати што значи дека Обвинителството од ден на ден се спротиставува на своите докази, рече Страшески.