Адвокатотот Бојан Манев кој е бранител на Боре Видевски вели дека снимките од бенсиските станици во Велес за кои денеска побара да бидат презентирани треба да покажат дека на 22.11 2023 година Панче Жежовски околу 12 часот напладне полнел гориво што е спротивно од трдењето на Обвинителството дека тој е грабнат околу девет часот утрото критичниот ден.

Снимките ќе покажат дека времето наведено во обвинителниот акт не коресподира со времето на убиството на Панче Жежовски. Ги бараме камерите и од „Макпетрол“ и од „Лукоил“, побара денеска Манев.

Судијата Стефановски на денешното рочиште напомена дека одбраната треба самата да ги обезбеди снимките доколку сака да се презентираат во судот.

Станува збор за снимка од влезот на Велес каде во непосредна близина се наоѓаат двете безниски станици и е невозможно доколку едната камера го „фати“ возилото тоа не не го направи камерата од другата станица.

Ваква снимкавеќе објави контроверзниот српски политичар Срѓан Ного минатата година. На неа се гледа како Панче полни гориво а за денот се тврди дека станува збор токму за 22.11 2023 година кога Панче веќе бил киднапиран и убиен.