„Помагање при сторување на кривично дело“ е делото за кое би можел да биде обвинет Зоран Давиктов доколку биде покренато обвинение. Тој денеска беше приведен откако Велибор Манев на завршните зборови за прв пат го откри неговото име дека го зел синиот ранец на Љупчо Палевски од седиштето на партијата Десна.

Овој ранец кој постојано беше споменуван во постапката е важен бидејќи Палевски постојано го носел со себе и во кој наводно се наоѓале моторолите со кои сторителите комуницирал и она што е поважно пиштолот со кој се убиени Вања Ѓорчевска и Панче.

Манев уште пред неколку рочишта проговори за синиот ранец на Палчо и оти го знае името на човекот на кого му се јавил да го земе од партијата и да го уништи и по наредба на Палевски кој му се јавил од турска граница кога бегаше. Тогаш Манев не го кажа по име бидејќи „носачот“ имал семејство, но денеска откако Палевски го обивни дека тој е организатор на убиствата му „пукна филммот“ и кажа сѐ што знае.

Засега е непознато каде Давитков го однел ранецот, дали тој е уништен и дали во него навистина бил пиштолот со кој се убиени Вања и Панче. Не знае ни дали тоа е пиштолот за Видески кој го поседувал со дозвола, но оти не сеќавала каде го оставил. Не може да се спореди дали со него се извршени двете убиства и поради тоа што кога го набавил во деведесетитте години не било направено пробно пукање. Се знае само дека е од калибар девет милиметри.

Доколку за ова лице биде покренато обвиниение може да му се суди одделно бидејќи пресудата за останатите ќе биде изречена во среда.

Адвокатот на Палевски, Јовица Стрешевски вели дека и порано барал ова лице да биде откриено.

Лицето не го познавам но на Велибор Манев не му верувам ништо .Може и ова е негова приказна да заглави уште некој.Палевски ми рече дека такво лице не постои.