Обвинителката Жаклина Јосифовска на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски го читаше исказот на обвинетиот Велибор Манев дадено по неговото апсење. Тој, како и денеска, така и во 2023 година во исказот изјавил дека мислеле дека лицето што го киднапирале е возрасна жена, а не дете.

Според неговите зборови, кога застанеле да здивнат, виделе дека е дете.

На Палчо не му се веруваше дека е дете, иако од неа разбра кој ѝ кои се родители. Му предложив да ја пуштиме.
Ми врати: „Мораме да се ослобидиме. Така ќе бидеме посигурни“. Со истиот пиштол што го уби девојчето го уби и Панче, рекол Манев на 6.12 2023 година.

Манев рече дека тој ја избрал локацијата за земунуницата во која беше закопан Жежовски и дека ја ископал со помош на Влатко Кешишев. Тоа било дури една година пред убиството на Жежовски.

Не претоставував дека таа ќе биде искористена за убиство. Требаше да го спуштиме и да стои таму додека не завршиме со втората работа, кажал Манев во исказот.

Нека оди колатерала, и така е преварант, рекол Палчо веднаш по убиството.

Потоа, според исказот на Манев даден во полиција, Палчо му покажал фотографија од женско лице кое требало да биде киднапирано и кое наликувало на Вања.

Му реков само да биде полнолетна, а тој ми рече: „Немај гајле“. Да знаев дека е дете никогаш да прифатам, се вели во исказот на Манев.

Манев му предложил да ја земат колата на Панче бидејќи е „чиста“.

Палчо ги знаеше сите станари од зградата и оти се богати. Знаеше и дека иако вратата од зградата има шифра, лесно се отвора со шрафцигер. Од Влатко имам слушнато дека Палчо разговарал со таткото на особата и оти се вика Александар. Кога Палчо разговара со некој не спомнува имиња туку говори: „Кај си друже“. Му верував на Љупчо иако сите бевме заслепени од него, изјавил Манев пред две години.

Грабнувањето на Вања

Кога излезе девојчето Боре ѝ рече: „Немој да викаш, ќе пукаме“. Ја сместивме, јас и ја врзав устата со лента. Со салотејп и ги врзавме нозете преку вреќата. Ѝ рековме: „Не викај, ќе те пуштиме по некое време.“ Таа само климна. Телефонот на девојчето Боре го скрши со чекан, ја извади и батеријата. Кога стигнавме Љупчо рече: „Ќе оди и таа“. Ја распраша и каде и работат родителите и за дедо ѝ. И ги побара броевите и таа му ги даде. Ja праша и колку станови имаат. „Од тато не барај пари, тој не нè сака, мама душата ќе ја даде“ му рече таа на Палчо, се вели во исказот на Манев.

Од татко не барај пари, тој не не сака. Мама душата ќе ја даде-рекла Вања.

По неколку момемти Палчо ја убил.

Решен е проблемот, нема што да се секираш, ги тешел убиецот.

По убиството сите ја затрупувале дупката со телото на Вања.