Првоосомничениот Љупчо Палевски- Палчо имал и радио врски во просториите на партијата Десна“ потврдија на денешното рочиште неговите најблиски соработници.
Тој поседувал целокупна опрема па дури и радио врски. Сепак тие не можеа да потврдат дали и за што ги користел, но оти е факт дека постојано од дијаспората барал да му донираат опрема за потребите на партијата и поткасите кои ги водел.
Најконкретен во објаснувањето на Палчо беше неговиот адвокат и пријател Васко Стојков кој го возеше до Белград. Тој рече дека Палчо често позајмувал пари од него, но оти му ги враќал. Стојков пресметал дека за три години во неколку наврати му позајмил околу 20.000 евра.
Палчо без пари трнал и за Белрад каде наводно требало да оди по доктори, но оти наеднаш му стигнале 3000 евра од некој што му должел. Но, на брзите транфери на пари не може да се подигнат повеќе од 1500 евра на ден па пријателот подигнал половина од сумата на негово име и му ги дал.
Со тие пари палчо платил 60 евра за ноќевање во хотелот „Таш“ во Белград. Стојчев за целиот пат до Белград не го прашал Палчо кај кој доктор оди ниту нешто му било сомнително.Тие разоварале за други, политички теми.
Кога адвокатот и член на Десна се вратил во Скопје бил повикан во полиција да даде исказ и во тој момент се јавил Палчо. На барање на инспекторите тој го прашал каде бил на 30 ноември кога исчезна Вања и дали можеби бил низ Дебар Маало. Палчо давал непрецизни одговори , те бил таму, па онаму, па колата ја паркирал кај „Градежен“. Сево ова за полицијата било сомнително и уште подетално го следеле движењето на Палчо.
„Кангуто“ во сопственост на Вида Ќириќ кое Палчо го возел без полномошно било сомнително за полицијата и веднаш било проверено од одделот за крвни деликти.
Сопругот Ѓорги исто така се согласил возилото да се отстапи на Десна додека тие се на Исланд.
Немаше причина зошто им го дадов возилото, но немавме потпишано полномошно. Не е ништо невообичаено да се даде возило на користење, рече Ѓолев.
Следното рочиште за овој случај е на 15 ноември.
Comments are closed for this post.