Од 1 февруари 2026 година официјално започнува казнувањето на сообраќајни прекршоци преку електронскиот систем „Безбеден град“ во Скопје, Тетово и Куманово, откако Собранието ги усвои измените на Законот за прекршоци што овозможуваат негово целосно стапување во сила.

„Безбеден град“ користи камери, сензори и автоматски уреди кои ги евидентираат сообраќајните прекршоци без директен контакт меѓу полицијата и возачите. Во првата фаза, системот ќе ги санкционира следните најчести прекршоци: пречекорување на дозволената брзина, поминување на црвено светло, управување со возило со истечена регистрација, непрописно запирање и паркирање.

Kога ќе биде детектиран прекршок, сопственикот на возилото ќе добие известување преку СМС порака или електронска пошта, со линк за преземање на записникот и платниот налог. Казната ќе може да се плати онлајн или на друг начин предвиден со закон.

Системот во моментов е активен и на коридорите 8 и 10, а целосна имплементација на „Безбеден град“ на ниво на целата држава се очекува во текот на 2026 година.

Од Министерство за внатрешни работи посочуваат дека мерката е дел од пошироките напори за подобрување на сообраќајната дисциплина и зголемување на безбедноста на патиштата, со цел намалување на бројот на сообраќајни незгоди, повредени и загинати лица