Денеска во Кривичниот суд ќе се одржи ново рочиште за убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска.

Дополнение на доказите се очекува да презентира првообвинетиот Љупчо Палевски. По ова, следуваат завршните зборови на сите обвинети.

На минатото рочиште објави видео снимка од 24 ноември 2023 година од пред домот на Велибор Манев. На неа се гледа како Манев во Кангуто на Палевски внесува лопата што значи дека групата планирала да го убие и закопа девојчето.