На мојата фејсбук-страна ќе пишувам што сакам, рече сведокот Гоце Трајковски на прашањето на адвокатот на првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, Јовица Страшевски зошто на социјалните мрежи раскажувал за истрагата за исчезнатото девојче. Страшевски се навреди што сведокот ги нарекол обвинетите „психопати“.
Претходно на рочиштето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, сведокот Трајковски откри дека членови на партијата Десна му се заканувале преку „Фејсбук“
Страшевски по ова повторно побара изземање на судијата Ивица Стефановски. Тоа барање веднаш беше одбиено.
Прашање за сведокот имаше и адвокатот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ. Тој го праша дали контактирал со некој друг во врска со истрагата.
Инспекторите бараа од мене да одам дома кај Александар и да снимам дали таму е скриена Вања, откри Трајковски.
Тој рече дека прифатил оти се работи за интерес за девојче.
И јас имам ќерка и што и да ми кажеа ќе направавев. Им кажав на инспекторите дека Александар халуцинира и оти не е спиен три-четири дена, објани сведокот.
Трајковски откри дека често имал панични напади и дека еднаш тоа му се случило во домот на Зорица, мајката на Вања.
Објасни и како дошол до снимките од Велес и оти во тоа му помогнала мајка му, која во тој период живеела во Белград.
Снимките беа од мој братучед од Велес. Веднаш му ги пратив на инсепкторот Музафер кој ми вети дека роднината нема да биде избркан од работа, рече Трајковски.
Трајковски на инспекторите дека мисли оти Алекандар не е вмешан во исчезнувањето на Вања.
Не е таков човек, има пари. Не пуши не се дрогира, не го интересираат такви работи, ја објасни Трајковски комуникацијата со инспекторите.
Comments are closed for this post.