Она што премиерот Ковачевски го најавуваше се оствари. По филмското бегство од Идризово единствен кој настрада е директорот на упрвата за извршување санкции Маријан Спасовски.Не оти тој нема вина за тоа што затворите станаа како корзо и кој кога сака влегува и излегува но тој не е единствениот кој треба да сноси одговорност.
Најодоговорни секако се кадрите на ДУИ,Алтрнатива и на СДСМ, во прв ред директорот Шпенд Тахири кадар на алтернативците, како и Феми Јонузи од партијата на Али Амхети. Нив Ковачевски не смее да ги чепне.
Премиерот не смета ни дека има одговорност кај Срѓан Димитриевски, командирот на затворската смена во моментот кога Беким Мехмети како во сцена на филмот „Тетовирање“ излезе од затворот а потоа му се губи трагата.
Денеска и ВМРО-ДПМНЕ праша како е можно СДСМ да молчи за случувањето во затворот и оти должат неколку одговори.
Зечевиќ и СДСМ мора да кажат каква е улогата на Љупчо Кузмановски во сценариото за бегството на Беким Мемети?Дали Љупчо Кузмановски е советник за безбедност во КПУ Идризово, дали е советник на директорот Шпенд Тахири?Дали како советник на директорот, е директно одговорен за безбедноста на затворот и за спроведување на затвореници, со тоа директно одговорен за бегството на Беким Мемети, осуден затвореник за убиство?Дали Љупчо Кузмановски е дел од затворската администрација на барање на Зечевиќ, во исполнение на Марјан Спасовски, директорот на санкции?-праша портпаролот Наум Стоилковски.
Comments are closed for this post.