Возењето со колата со инспекторите беше глума, бараа случај, а не Вања, градеа случај кон мене, се однесуваа кон мене како ретардиран и со сомнеж, се присети Александар Ѓорчевски на денешното рочиште.

Со последни атмоми се обидував да ги наведам да бараат по вистинскиот пат од она што ми го кажуваше Гоце. Какви не небулози слушав, дека е во Шведска во Исис, па во Тетово…, додаде тој.

За ИСИС

За фамозното знаменце од ИСИС и оти се регрутирала слушнал овде од сведокот Димовски.

Пред судењето не знаев за ова. Едно од обвинувањата беше дека на компјутерот сум и инсталирал ИСИС. Прашав што е тоа. Иронично ми рекоа: „Ајде ајде ти си ѝ го инсталирал“. Детето Јоаким лично го знаевме со Зорица и ги следевме со кого разговараат, реќе Александар.