Екипите на ЕВН денеска конечно добија можност да влезат во Арачиново и да ги отстранат дефектите во електричната мрежа поради кои големи делови од селото со недели беа без струја. ЕВН претходно одбиваше да испрати екипи да ги санираат дефектите, велејќи дека нивните вработени не биле безбедни во Арачиново, дека постојано биле вербално и физички напаѓани, а дефектите се случувале поради сеприсутните кражби на струја.
Според ТВ21, локалното население денеска не правело никакви проблеми. Екипите на ЕВН кои влегоа во Арачиново, насекаде низ селото затекоа кабли за струја и други докази за кражби. Според пресметките на компанијата, во селото годишно се краде струја вредна шест милиони евра.
Comments are closed for this post.