Началникот Музафер Калишиќ, помошник началник на СВР Скопје кога се случи убиството на Вања Ѓорчевска, на крајот на своето сведочење повторно се осврна на однесувањето на таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски. Тој повтори дека Ѓорчевски постојано давал конфузни одговори за тоа зошто мисли дека неговата ќерка е кидинапирана.

 

Да видиме со мафијата, да не има нешто, велел Александар.

Инспекторот посочи и дека дента кога Вања исчезнала, таткото тргнал да ја бара кон хотелот „Александар Палас“ и кон Качанички пат, но се вратил оти имало многу гужва.

 

Началникот на прашање на адвокатот Туфегџиќ дали има информации дали Ѓорчевски бил тепан во полициска станица откако го привеле рече дека не знае за такво нешто.