ЗК „Пелагонија“ ја продава централа на биогас во Логоварди која има инсталиран капацитет за производство на 3 мегавати струја од биогас. Ова го објави компанијата на сајтот на Македонска берза.
Компанијата „ЗК ПЕЛАГОНИЈА АД БИТОЛА“ соопшти дека е објавен ЈАВЕН ПОВИК за доставување на понуди за интерес за купување на уделот кој ЗК Пелагонија АД Битола го поседува во Трговското друштво за производство на електрична енергија ПЕЛАГОНИЈА ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Логоварди Битола.
Според информациите од компанијата, уделот претставува 100% од основната главнина на Друштвото и е со номинална вредност од 413.913.100,00 денари или 6,7 милиони евра и која има инсталиран капацитет за производство на 3 мегавати електрична енергија.
Гасната централа има лиценца за производство на електрична енергија од биогас до 2030 година. Додека Цената на мегаватчас за овој вид енергија е 180 евра.
Comments are closed for this post.