Од подрачната единица на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство ги повикаа заинтересираните лица да учествуваат на јавниот оглас за давање под закуп на земјоделско земјите во државна сопственост за површини над три хектари по пат на електронско јавно наддавање. Во кумановско на оглас се нуди земјиште во Куманово со површина од 12 хектари, 62 ари и 55 метри кавратни, во село Љубодраг 26 хектари, 84 ари и 82 метри кавдратни и во Младо Нагоричане површина од осум хектари, 61 ари и 86 метри квадратни.
За подетални информации понудувачите ( правните и физичките) можат да се обратат во Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство ПЕ Куманово и на веб страната на Министерството и тоа:www.mzsv.gov.mk-информираат од подрачната единица.
Владата на Република Македонија, Министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство објави јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до три хектари. Површината за која еден понудувач самостојно со геодатски елаборат да може да достави понуда и да ја добие по јавниот повик (за една или повеќе катастарски парцели) изнесува најмногу до три хектари. Понудата се доставува за земјоделско земјиште на кое нема подигнато долгогодишни насади и во кое во катастарот на недвижности е запишано со катастарска класа четири, пет, шест, седум и осум. За подетални информации правните и физичките лица можат да се обратат во Министерство за земјоделство шумарство,и водостопанство Подрачна Единица Куманово и на веб страната на Министерството :www.mzsv.gov.mk.
Comments are closed for this post.