Говорејќи на темата за регистрација на автомобилите со странски таблички премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат рече дека сопствениците на таквите возила, коишто влегле во државава до 1 октомври ќе имаат можност истите да ги регистрираат со 50% поевтин данок на моторни возила, односно вкупниот износ на царината и акцизата.
Оние пак, коишто таквото возило нема да го префрлат на македонски таблички, ќе треба да постапат според европските закони.
Тоа значи три месеци тука, најмалку три месеци надвор колата. Па три месеци тука, па три месеци надвор колата. Тоа денеска со електронските системи на МВР се следи. Пресекот го правиме на 1 октомври“, рече Заев.
Comments are closed for this post.