Парите на тутунарите одат за Макпетрол, олигархот Заев ги извиси тутунарите. Зоран Заев се уште нема решение за ниската цена на тутунот поради која е загрозена егзистенцијата на илјадници семејства, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека една недела откако вети дека ќе се реши проблемот, проблемот не е решен.
Откупната цена на килограм тутун е колку една кутија цигари. Не се исплати ниту трудот и трошоците за производство, тутунарите се во минус, а егзистенцијата им е загрозена. ВМРО-ДПМНЕ предложи, власта да престане да игнорира и да изврши зголемување на субвенцијата за килограм предаден тутун за 100 проценти. Тутунарите не смее да бидат оставени на цедило. Голготата низ која поминуваат е резултат на бизнис интересот на Заеви поради кои се дозволи увоз на тутун во Македонија и падна цената на тутунот.
Тутунарите не смеат да бидат жртва на бизнис интересот на Заеви и токму затоа бараме веднаш да се пристапи кон помош. Зоран Заев и власта треба да бидат свесни дека за ова и за сите други неправди кои им ги имаат причимато на земјоделците, но и на граѓаните воопшто ќе одговараат, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.