Македонија го менува концептот за промоција на поволностите за инвестирање што се нудат во државата.Наместо со економски промотори, преку три центри низ светот ќе се презентираат можностите што се нудат во земјава за странските инвеститори, како и производите што се произведуваат во државата.
Ова го најави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Едниот центар ќе биде во Америка, веројатно на источниот брег, другиот во центарот на Европа во западниот дел на Германија од каде ќе може да се покријат и сите соседни земји, а третиот на Блискиот Исток. Тоа ќе бидат концентирани единици кои ќе имаат двојна задача. Првата ќе им биде да го информираат светот за нашите програми, да разговараат со странки инвеститори и да ги донесат во Македонија, а втората да презентираат македонски производи, односно тоа што ние како држава го произведуваме, рече Анѓушев. Според него ова ќе биде поевтин модел од претходниот кога беа испратени 40 промотори во 40 земји. Со новиот модел на промовирање, се укинува идејата за воведување економски аташеа во амбасадите.
Comments are closed for this post.