До Платежната агенција поднесени се 1.164 барања за сума од 33 милиони евра од последниот повик за добивање на средства од ИПАРД 2 програмата за рурален развој од мерките 1 и 3. Рокот заврши пред две недели и сите мерки ќе се исплатат во време кога корисниците имаат најмногу потреба од овие субвенции, а целта е подобрување на генетскиот потенцијал што ќе влијае врз зголемување на продуктивноста на сточарското производство.

 За мерката еден „Инестиции во материјални средства за земјоделски стопанства“ пристигнати се 1.099 барања за добивање на финанскиска поддршка од 17,1 милион евра, а од мерката три „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибини производи“ пристигнати се 65 барања со вкупна побарана финансиска поддршка од 15,9 милиони евра. Од претходниот повик од ИПАРД 2 програмата склучени се 953 договори со побарана сума од 22,4 милиони евра. Реализирани се барањата за 667 повратни средства, а висината на средства кои треба да се вратат е 6,6 милиони евра. Од овие барања исплатени се 158 инвестиции кои биле реализирани во овој период и износот на вратени средства кај инвеститорите е два милиони евра, посочи директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) Николче Бабоски на денешната на прес-коференција.

Тој објасни дека за мерката директни плаќања за обележување на грла на овци се исплатени 2.768 корисници со 507 милиони денари.