Виенскиот институт за меѓународни економски студии (WIIW) ја влоши прогнозата за падот на домашниот бруто-производ на Македонија на шест отсто годинава, се вели во најновите есенски прогнози за земјите од централна, источна и југоисточна Европа (ЦЕЕСЕ). Виенскиот институт укажува дека закрепнувањето на економиите во овој дел на Европа ќе се одвива бавно и ќе зависи од успехот во справувањето со пандемијата без прибегнување кон долги блокади, како и од континуираните мерки за поддршка од владите.
Од мај, Северна Македонија не успеа да ја држи под контрола пандемијата. Владата исто така не обезбеди соодветна фискална поддршка за економијата, што доведе до пад на БДП во вториот квартал од 12,7 отсто, што е поголемо од очекуваното. Со тоа ја намалуваме нашата прогноза за БДП за 2020 година од минус 5 отссто на минус 6 отсто. Изгледите за иднината во голема мера зависат од фискалната поддршка на владата и од управувањето со здравствените аспекти на пандемијата“, се вели во најновиот извештај на институтот.
Во целина, во прогнозите се укажува дека поголемиот дел од земјите на ЦЕСЕЕ го издржаа првиот бран на пандемијата подобро од Западна Европа.
Сепак, среднорочните перспективи се крајно неизвесни. По проценетата контракција од 4,5 отсто оваа година, регионот треба да порасне за 3,1 отсто во 2021 година и за 3,3 отсто во 2022 година, со јасни ризици во надолна линија. Освен потенцијалот за натамошни блокирања, пандемијата ќе остави трајни последици во форма на намалена побарувачка за многу услуги, што бара значителна понатамошна владина поддршка“, велат од Виенскиот институт во извештајот насловен „Без брзо закрепнување на повидок, се зголемуваат ризиците од корона вирусот“, (No quick recovery in sight, coronavirus risks looming large).
Во извештајот исто така се наведува дека многу економии во регионот продолжуваат да страдаат сериозно – особено оние што се потпираат на туризам (Хрватска и Црна Гора) и оние кои се во голема мера зависни од надворешната трговија (помалите земји од Вишеградската група и Словенија).
Историски големите интервенции во целиот регион помогнаа делумно да се неутрализираат најтешките економски и социјални последици од пандемијата.
Забрзаниот втор бран на пандемијата резултираше со повторно воведување на строги блокади, и ова може да се интензивира во наредните месеци, што речиси извесно ќе доведе до пад на економската активност.
Среднорочните перспективи се крајно неизвесни. По проценето намалување од 4,5 отсто оваа година, регионот треба да оствари раст од 3,1 отссто во 2021 година и 3,3 отсто во 2022 година. Според Виенскиот институт Хрватска и Црна Гора ќе имаат најдобар резултат во 2021 година, додека закрепнувањето ќе биде многу поспоро во Бугарија и Украина. Белорусија ќе забележи уште една година на рецесија.
Дури и во ова бенигно сценарио, само Литванија, Србија и Турција ќе се вратат на нивото на економска активност од 2019 година пред 2022 година, сметаат од институтот.
Изгледите за економскитепрогнози се негативни, како на краток, така и на среден рок. Покрај можноста за построги мерки на ограничување во зимските месеци, пандемијата ќе остави трајни последици во форма на опаѓање на побарувачката за многу услуги, како што се авиоиндустријата, угостителството и рекреацијата.
Оттаму, велат од Виенскиот институт, и натаму ќе биде неопходна значителна владина поддршка во целиот регион.
Тоа би требало да биде главно изводливо во земјите од ЦИЕ кои се членки на ЕУ, но може да биде проблематично во некои земји од Западен Балкан, како и во Украина и Молдавија, кои имаат високо ниво на јавен долг во однос на БДП, или кои се многу зависни од странска помош“, заклучува Виенскиот институт.
извор: Независен весник
Comments are closed for this post.