Заменик – претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска ќе престојува во работна посета во Република Косово.

Во рамки на посетата, Битиќи во Приштина ќе се сретне со министерката за трговија, претприемништво и индустрија, Розета Хајдари, по што ќе учествува на регионалната економска конференција „Економско влијание и последици од кризата“.

На конференцијата најавено е учество на министерката Хајдари, косовскиот министер за финансии Хекуран Мурати, министерката за финансии и економија на Албанија, Анила Денај,  заменик – министерот за финансии на Албанија, Бесарт Кадија, претседателот на Стопанската комора на Косово, Скендер Красниќи, претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа и други еминентни лица од политиката и бизнисот од регионот, информираат од кабинетот на Битиќи.

Посетата на Република Косово, како што се посочува, вицепремиерот ќе ја заокружи со средба во попладневните часови со главниот државен ревизор на Косово, Бесник Османи.