Уставниот суд пресече-Ќе се оценува уставноста на Фондот за осигурување депозити

21.04.2021 / 12:38


Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за оценка на уставноста на членот 163, став 3 од Законот за банки, според кој, побарувањата на Фондот за осигурување на депозити по основ на исплати на осигурени депозити се исплаќаат пред побарувањата на останатите доверители. Судот изрази сомнеж за уставноста на оспорената законска одредба.

Иницијативата до Уставниот суд е поднесена од Здружението на оштетени физички и правни лица од Еуростандард банка „Правда за штедачи”. Од Здружението велат дека сите штедачи треба да бидат третирано еднакво и тие со штеден влог до 30 000 евра и тие што имале над 30 000 евра, но и фирмите, кои во домашните закони не се заштитени со минимална сума при пропаѓање на банка.

Од Министерството за финансии посочуваат дека Фондот за осигурување депозити ја одржи довербата на граѓаните во домашниот финансиски систем, бидејќи депозитите на домаќинствата претставуваат сигурен и најевтин начин за финансирање на домашната економија.

Фондот е државна сопственост, гарантира покривање на одредено осигурено ниво на наплата на депозити на физички лица во банките на територија на Македонија и неговата финансиска одржливост е неопходна за целокупниот банкарски сектор во државата..

Според Фондот за осигурување на депозити, најголем дел од штедните влогови на граѓаните во банките и штедилниците се осигурани во Фондот, кој во моментов има средства над законски утврдениот минимум. Оттаму посочуваат дека имаат на располагање механизми, доколку дојде до исцрпување на фондот за сигурност и се јави потреба за исплата на обесштетување, односно настане ризичен настан.

Согласно актуелното законско решение Фондот ги обесштетува осигурените депозити до 30 000 евра во денарска противвредност, оние над тој износ, како во случајот и со Еуростандард банка, се пријавуваат како побарувања од стечајната маса.

Согласно Законот за Фондот за осигурување на депозити (член 8), доколку дојде до исцрпување на фондот за сигурност, а се јави потреба за исплата на обесштетување, односно настане ризичен настан, Фондот обезбедува дополнителни средства преку дополнителни уплати од банките, филијалите на странските банки и штедилниците, но не повеќе од трикратен износ на премиите уплатени во месецот кој му претходи на месецот во кој настанал ризичниот настан, преку задолжување во земјата и странство и позајмици од Буџетот на Македонија.

Од Министерството за финансии согласно Стратешки план за 2021-2023 година, најавуваат измени и дополнување на Законот за фондот за осигурување на депозити со кои се предвидвидува обесштетување и на депозитите на правните лица во банките и штедилниците во кои настанал ризичен настан.

Уставните судии пред неполни два месеца одлучија да не поведат постапка по иницијативата поднесена за истата одредба од Законот за банки.

Дозволата за работа на Еуростандард банка и беше одземена во август минатата година. /МИА


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Економија

Николоски: Амбицијата на Владата е огромна, да се доизградат двата коридори 8 и 10 

пред 3 дена
Економија

Mицкоски за потрошувачката кошничка: Јас сум убеден и свесен дека таа кошничка го содржи е она што е минимално потребно за да се помине месецот

пред 7 дена
Економија

Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ – отвора 2.000 работни места во Битола за производство на делови за „Ауди“

пред 1 нед.
Економија

Совет: Еве каде да ги вложите парите

пред 1 нед.
Економија

Мицкоски се надева на 1000 евра просечна плата до крајот на мандатот на оваа влада

пред 2 недели
Економија

Николоски: Инвестициите во железницата се реализираат одлично, работиме на пругата кон Исток и на брзата пруга на Коридор 10

пред 2 недели
Економија

Дизелот поевтинува за 4,5 денари

пред 4 недели
Економија

Мицкоски: Економските резултати пристигнуваат – растат БДП, индустријата и туризмот

пред 1 месец
Економија

Славески смирува: Монетарната поставеност останува соодветна, девизните резерви над 5 милијарди евра

пред 1 месец
Економија

Николоски: Во 21 век напредуваат само државите кои инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти

пред 1 месец
Ultrabetbetciojojobet girişMarsbahismeritkingjojobet girişjojobetPokerklasgamdom girişgamdomjojobetmatbet girişdeneme bonusu veren sitelerdeneme bonusu veren sitelerdeneme bonusu veren sitelerdeneme bonusu veren sitelerjojobetMarsbahis Girişjojobet girişjojobet girişbetasusbullbahisganobet girişMultiwinjojobetcasibombetkomjojobetjojobet giriş