Министерот за финансии Драган Тевдовски смета дека Владата успешно управува со јавниот долг и оти очекува тој следната година да се заврши под проектираното ниво од 54,2 проценти или не повеќе од 600 милиони евра.
Работиме на стабилизирање на јавниот долг. Тоа го правиме со намалување на буџетскиот дефицит, кој и сега е намален. На крајот на 2018 година имавме проекција дека ќе биде 50 проценти јавниот долг од БДП, но во суштина тој е 48,2 проценти. Нашата проекција за следната година е 54,2 проценти, но наша проценка е дека тој ќе биде понизок – изјави Тевдовски.
Министерот потенцира дека Владата успеа да ја забави динамиката на раст на јавниот долг и оти обебзедува по најниска цена средства за негово финасирање.
Според него, 54,2 проценти е максималната проекција и дека таа ќе зависи од реализацијата на капиталните проекти, а кај кои се очекува позабрзана реализација.
Министерот појасни дека она што ќе го зголеми јавниот долг е влечењето на средставата од кредитите за реализација на капиталните проекти, како што е случајот со автопатот Кичево – Охрид и новиот кредит од 200 милиони евра во Ексим банка.
Comments are closed for this post.