Сопственикот на веќе пропаднатата „Еуростандард банка“ во своето гостување во „Утро со Златев“ на Радио Лидер потврди дека тој воопшто и не знаел дека неговата банка ќе биде затворена се до прес-конференцијата на НБРМ.
-Тоа беше шок, за целата банка, за целото раководство, меѓутоа веројатно не бил шок за тие што го организирале тоа. Дефинитивно НБРМ се стави во служба на ѓаволот, рече Костовски.
Тој посочи дека веќе осум месеци анализира, собира информации, а не може да влезе во документацијата на Еуростандард банка, а според него одлуката за затворање на банката била донесена во моментот кога бил променет стариот Управен одбор со нов.
-И покрај декапитализацијата, прво влеговме со хибридни средства 11 милиони, крајот на октомври – ноември месец, требаше да ни се врати дозволата со правни и физички лица – не ни се врати. Не тераат тие хибридни средства да ги претвориме во траен влог. Ние тоа го направивме во февруари, додаде бизнисменот.
Костовски појасни дека на 12 август, среда (денот кога беше објавена информацијата за затворањето на банката), неговиот син имал состанок со тогашниот технички премиер, Оливер Спасовски на кој што му било посочено дека има некаков проблем, но да не се грижи, бидејќи како што му било посочено таа работа немало да излезе од контрола.
-Не баравме ништо повеќе. Не барав некој да ми ја докапитализира банката, сами си баравме и во тие услови на пандемија, вонредна состојба, ние донесовме потенцијален партнер којшто беше спремен да ја докапитализира. Народна банка не сакаше ни да го викне на еден разговор. Тој направи своја програма за докапитализација, Народна банка само го одби, објасни Костовски.
Comments are closed for this post.