Да се поттикнат инвестициите, истите да се претворат во производ. Така ќе се подоби конкурентноста и економијата ќе расте. Ова е целта на првиот бизнис иновациски центар во Македонија , кој беше промовиран во Струмица.
Поддржани сме со техничка поддршка од реномирани експерти, кои треба да ја воведат европската методологија, обука и сертификација на кадри преку кои ќе ги имплемнтираме програмите зацртани врз основа на стратешките петгодишни планови и ќе ги развиваме заедно со малите и срдни претпријатија, академскиот и јавниот сектор, рече директорката Ксенија Вангелова.
Претприемачите своите иновативни идеи ќе може да ги преточат во конкретни решенија за да добијат европски и домашни средства за финансирање. При изработкатa ќе помагаат и професори од штипскиот Универзитет, но и од Машинскиот факултет на УКИМ, а поддршка ќе дава и Сојузот на стопански комори.
Присутните на промоцијата ги поздрави градоначалникот Коста Јаневски, кој во своето обраќање потенцираше дека овој центар има големо значење за економскиот развој на општина Струмица.
Во рамките на активностите на Бизнис иновацискиот центар денес ќе биде презентиран проектот „Agritech на Europe startup award“ за поттикнување новитети во земјоделството.
Comments are closed for this post.