Професорот Трајко Славески е изборот на претседателката Гордана Силјановска Давкова за гувернер на Народната банка. Сиљановска-Давкова до Собранието го доставила предлогот проф. д-р Трајко Славески да биде именуван за гувернер на Народната банка.

При донесувањето на одлуката, Претседателката се водеше од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот. Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати – велат од Кабинетот.

Славески е актуелен претседател на Советотот на Град Скопје. Тој има богата академска и политичка кариера. Славевски е редовен професор е на Економскиот факултет при УКИМ, каде што и самиот ги минал сите скалила од додипломските студии до докторат. Јавноста го памети и како министер за финансии.