Подружницата на српската компанија „Свислион Таково“ во земјава, „ПИ Свислион“ ДОО Скопје најави дека планира да достави понуда за откуп на преостанатите 8.364 акции на „Агроплод“ од Ресен што не се во нејзина сопственост.
Како што јави СЕЕ Њуз, „Свислион“ планира да понуди по 13.530 денари за акција на „Агроплод“.
Компанијата информира дека конечната понуда за откуп на акциите ќе ја достави откако ќе ги добие потребните одобренија од Комисијата за хартии од вредност.
Инаку, „ПИ Свислион“ од 2006 година е мнозински акционер во „Агроплод“. Ресенската фирма е основана во 1967 година и главно се занимава со производство на храна, но исто така поседува и хотелски капацитети.
Comments are closed for this post.