Светската банка предупреди дека луѓето на Западен Балкан често дишат воздух кој е меѓу најзагадените во светот, и дека неговото загадување е водечки фактор за еколошкиот ризик за економскиот ризик кој највеќе придонесува за вкупниот број на смртни случаи и болести во регионот, а негативно влијае и врз животната средина и економијата. Поради тоа, во текот на изминатите 15 години, Светската банка вложила над 250 милиони евра во унапредување на енергетската ефикасност и намалување на загадувањето на воздухот и емисиите на гасови со ефект на стакленички гасови во целиот регион, помеѓу останатото и преку проекти насочени на намалување на вкупната побарувачка за топлинска енергија, замена на застарените ложишта на дрва и јаглен и поголема употреба на енергетски ефикасно осветлување, се наведува во соопштението. Истакнато е дека граѓаните на Сараево, Скопје и Белград и многу други градови ширум Западен Балкан, често дишат воздух кој е меѓу најзагадените на светот, особено во зимските месеци. Од Светска банка потсетуваат дека во 2019 година, со 175 смртни случаи на 100.000 жители, Србија се најде на врвот на листата на смртност поради загадување во Европа, и е на 9-тото место во глобални рамки, веднаш после Индија.

Проценетите вкупни годишни економски трошоци поврзни со здравствените проблеми предизвикани од ова загадување се огромни. Во 2016 година тие трошоци изнесувале во просек 240 милиони УСД во Косово (3,6% ГДП), 690 милиони УСД во Македонија (6,9% ГДП), и 1,38 милијарди УСД во Босна и Херцеговина (8,2% ГДП). Лидерите на земјите од Западен Балкан амбициозно ја објавија намерата да соработуваат на остварувањето на јаглеродно неутрална Европа до 2050 година, како што е опишано во заедничката декларација од ноември 2020, а Светската банка останува определена во пружањето поддршка на тие настојувања. Таа поддршка подразбира реализација на проекти со цел решавање на проблемите на загадување на воздухот. Озеленувањето на економијата ширум Западен Балкан, ќе им овозможи на сите граѓани економски просперитет и подобрување на животниот стандард, објави Светската банка.